Авантурите на лошото девојче

Издавач: Издавачки центар ТРИ | Јазик: Македонски | Година: 2021
Оригинален наслов: Travesuras de la niña mala. | Бр. на страни: 312 | Димензии: 125/195 | Корица: тврда

Таа секој миг може да исчезне не кажувајќи збогум.

Рикардо е опсесивно вљубен во една необична девојка која постојано исчезнува и ненадејно се појавува. Луд по неа уште од тинејџерските години, влегува во еден маѓепсан круг од кој не сака да излезе. Како и да се појави, како жена на француски дипломат, како љубовница на мистериозен јапонски бизнисмен или како сопруга на богат Англичанец, Рикардо жедно ја прифаќа поканата на неодоливата измамничка.

Ќе дознае ли некогаш која е таа навистина? Тешко прашање, исто како и дилемите околу идентитетот, и личниот и националниот. Сите ликови расфрлени низ светот како семиња на ветер, опседнати со своите амбиции и желби, се луѓе кои се борат за своите идеали, подготвени да го сменат својот идентитет како да облекуваат нов костум.

Во својот обичен живот во саканиот Париз, во свет на лаги и брзи промени, Рикардо не престанува да го очекува враќањето на своето лошо девојче. Ќе паднат ли на крај маските и ќе се открие ли вистинското лице на љубовта?

„Приказна која опфаќа децении и континенти, раскажана со таква умешност што се граничи со вешто премостување на личното и универзалното.“
Сан Франциско кроникал

Цена: 500 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Авантурите на лошото девојче

Категории: ,
ИСБН: 978-608-230-774-9

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Авантурите на лошото девојче”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in