Бадникова вечер
Author:
Хуан Беиѓиа
Publisher:
Македоника |
Language:
Македонски |
Year:
2021
Original title:
平安夜 |
Num. of pages:
194 |
Dimensions:
200 х 140
|
Cover:
мека
(Антологиска серија „Најдобрата кинеска литература за деца“) МЕКИ КОРИЦИ / „Бадникова вечер“ е еден од најпознатите романи на кинеската писателка Хуан Беиѓиа (1955), која има богат книжевен опус, пред сè романи. Во овој роман таа пишува за растењето и за созревањето на децата во современиот свет, кои стануваат пореалистични, попресметливи, осамени и егоцентрични. Многу време поминуваат со електронските уреди, поради што им недостасува разговор и дружење во реалниот свет, со вистински луѓе, а машините ги прават попаметни, но и постудени. Преку приказната за осумгодишниот главен лик, таа го следи неговото брзо зреење, но и доцното зреење на неговиот самохран татко. Животот на осумгодишното момче и неговиот самохран татко е необичен за надворешните лица, но топол и интересен за себе. Еден ден, во нивниот живот влегува малолетен деликвент, со што сè станува хаос. На испит се човечноста, одговорноста и љубовта. Во очите на младиот јунак, неговиот татко пораснува во маж и татко. Овој долг роман на Беиѓиа е дел од популарна серија нејзини романи за кои се смета дека имаат големо општествено влијание.
Reviews
There are no reviews yet.