Барабаните на ноќта

Publisher: Бегемот | Language: Македонски | Year: 2022
Original title: Doboši noči | Num. of pages: 126 | Dimensions: 195x125 | Cover: мека

Само од дрвото бел јавор што расте на осојните страни на босанските планини, италијанските мајстори можеле да изработат виолини чиј звук може да се спореди со имагинарно божјо пеење. За тоа дрво, за сараевските ноќи и за петте години живот во Сараево, од 1914 до доцна есен 1919 година, во своето монументално дело „Дневници на сараевските ноќи“ пишува шумарот и следбеник на Млада Босна – Јосип Губерник. Откако го напуштил Сараево за Губерник не се знае речиси ништо, освен дека заминал во Аргентина во 1920 година и дека неговите „Дневници...“ биле една од првите книги издадени по Втората светска војна, а нејзиното второ издание исчезнало во воениот виор на деведесеттите.

Во романот „Барабаните на ноќта“, насловен како и никогаш пронајдениот ракопис на романот од Тин Ујевиќ, Миљенко Јерговиќ создава приказна што одеднаш, како и фамозните „Дневници...“, станува стварна. „Барабаните на ноќта“ се и студија за времето и за еден луѓето, но, пред сѐ, за една изгубена епоха. Во „Барабаните на ноќта“, не без причина, на Сараево во величествена метафора се гледа како на барабан на чија оптегната кожа барабани целиот XX век, а Јосип Губерник, тој малечок, слабичок австроунгарски шумар и чиновник, станува единствениот можен писател бидејќи тој со други очи гледа и бележи сѐ околу себе, а неговите записи стануваат документ што го наткрилува не само него, туку и целата генерација.

Price: 300 ден

19 in stock

Compare
Sold By Бегемот

Report an abuse for product Барабаните на ноќта

Category:
SKU: 978-608-4869-73-3

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Барабаните на ноќта”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in