Беатриче и Вергилиј
Author:
Јан Мартел
Publisher:
Издавачки центар ТРИ |
Language:
Македонски |
Year:
2013
Original title:
Beatrice and Virgil |
Num. of pages:
169 |
Dimensions:
20х15 см
|
Cover:
/
Како и во својот прв роман, Животот на Пи, кој стана светски бестселер, канадскиот писател Јан Мартел во својот нов роман, Беатриче и Вергилиј, ја употребува алегоријата како книжевна техника и им го „позајмува“ гласот на животните, кои стануваат главни ликови во неговите приказни. Во Беатриче и Вергилиј, Мартел зборува за една од наjголемите трауми во дваесеттиот век преку една метафорична, интимна и едноставно раскажана приказна. Романот започнува кога еден млад писател, чија биографија неверојатно потсетува на биографијата на самиот Мартел, почнува да добива мистериозни писма кои содржат раскази и драми напишани од непознат писател, а кои раскажуваат приказна за две животни: мајмунот Вергилиј и магарето Беатриче. Како што тече романот, читателот полека насетува што се крие зад алегориите и метафорите, за да стигне на крајот до шокантните последни страници...
„Беатриче и Вергилиј ја поседува онаа едноставна книжевна убавина и мистериозност како и Животот на Пи. И повторно зборува за тешки теми и важни прашања на еден неп ретенциозен, но суштински начин.“ Њујорк тајмс
Reviews
There are no reviews yet.