Белешки на еден стар гад

Издавач: Бегемот | Јазик: Македонски | Година: 2023
Оригинален наслов: Notes of a Dirty Old Man | Бр. на страни: 314 | Димензии: 180x110 | Корица: мека

„Белешки на еден стар гад“ е збирка „колумни“, како што ги нарекува авторот, кои Чарлс Буковски ги пишувал за својата колумна во андерграунд списанието Опен сити од Лос Анџелес, во периодот од 1967 до 1969 година, во кои на свој добро познат начин, овојпат заземајќи гард на мудра будала, коментира разни актуелни општествени и книжевни теми и раскажува голем број фиктивни и автобиографски приказни, но овојпат занемарувајќи ги и правописните правила, со тоа давајќи им анархичен тон на текстовите. Навлегувајќи од една во друга приказна, Буковски го води читателот низ безброј незамисливи ситуации, моќни сцени, груб јазик, низ палета од ликови од најдолните слоеви на општеството, со што се добива впечаток дека станува збор, пред сѐ, за збирка кратки раскази. „Белешки на еден стар гад“ имале силен одек во американското општество, до таа мера што ФБИ отворило досие за Буковски како резултат на неговата колумна.

Цена: 400 ден

19 на залиха

Спореди
Продавач Бегемот

Report an abuse for product Белешки на еден стар гад

Категорија:
ИСБН: 978-608-4869-91-7

Questions and Answers

You are not logged in