Без своја земја
Author:
Ајше Кулин
Publisher:
Топер |
Language:
Македонски |
Year:
2019
Original title:
Kanadi kirik kuşlar |
Num. of pages:
442 |
Dimensions:
20 см
|
Cover:
/
МОЌНА ИСТОРИСКА САГА ЗА ПРЕДИЗВИЦИТЕ НА ЖИВОТОТ ВО ПРОГОНСТВО И ЗА ТЕШКИТЕ ИЗБОРИ НА ОНИЕ ШТО СЕ ПРИНУДЕНИ ДА ЈА ПРИФАТАТ НЕИЗВЕСНАТА ИДНИНА, СО КУФЕРИ ПОЛНИ НАДЕЖ. Откако Хитлер доаѓа на власт, професорот Герхард Шлиман, неговата сопруга Елза и нивните две деца, Сузи и Петер, ја напуштаат Германија за да побегнат од прогонот на нацистите. Прво заминуваат во Цирих, а потоа во Турција, кога Герхард добива понуда од Универзитетот во Истанбул. И додека Сузи и Герхард се обземени од турската култура и се обидуваат да се вклопат, Елза и Петер и понатаму цврсто се држат до своето германско потекло. Во муслиманскиот град, новите обичаи имаат силно влијание на нивните животи – дотаму што го менуваат нивниот поим за татковина и припадност. Од Втората светска војна до времето на друштвените мрежи, генерации од едно семејство ќе го бараат својот пат низ љубов и неволји, жртва и спасување, победа и пораз: со тешко стекнато знаење и страст во секое отчукување на срцето.
Reviews
There are no reviews yet.