Бхагавад-Гита

Author: /
Publisher: Арс ЛИБРИС | Language: Македонски | Year: 2015
Original title: BHAGAVAD-GĪTĀ | Num. of pages: 108 | Dimensions: 135х200 | Cover: /

„Бхагавад-гита“ е составен дел од „Махабхарата“, пообемниот од двата прочуени санскритски епа. Составена од 700 стихови распределени во 18 поглавја, таа е едно од оние дела со непроценлива важност и со немерливо влијание – не само врз интелектуалниот, етичкиот и религискиот живот на жителите на индискиот потконтинент.

Врамена во приказната раскажана од далековидиот Сањџаја, советник на слепиот крал Дхритараштра, „Бхагавад-гита“ е всушност обемен дијалог меѓу соперничкиот принц Арџуна и неговиот кочијаш, инкарнација на Кришна, што ги проследува дилемите кај првиот околу праведноста да учествува во битка против свои роднини и пријатели. Драмската рамка му овозможува на пејачот низ стиховите од „Бхагавад-гита“ да обработи доволно широк спектар на теми и прашања за неретко делото да се опишува со изрази како „Махабхарата во мало“ или „философската суштина на големиот еп“.

Меѓу истакнатите почитувачи на „Бхагавад-гита“ спаѓаат философи од рангот на Шопенхауер, книжевници со реномето на Херман Хесе и Олдоус Хаксли, мислители како Карл Јунг и американските трансценденталисти Ралф Волдо Емерсон и Хенри Дејвид Торо, но и научници со статусот на Алберт Ајнштајн и Џ. Роберт Опенхајмер. Сето ова говори за универзалноста и непристрасноста на нејзината порака: таа е наменета за духовните трагачи од сите нации, класи, религиски и философски милјеа.

Price: 150 ден

Out of stock

Notify me when the product will be in stock

Compare
Sold By Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Бхагавад-Гита

Category:
SKU: 978-608-247-040-5

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Бхагавад-Гита”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in