Биглино
Автор:
Ило В. Гајтаноски
Издавач:
Издавачки центар ТРИ |
Јазик:
Македонски |
Година:
2010
Оригинален наслов:
Биглино |
Бр. на страни:
174 |
Димензии:
140х205
|
Корица:
/
Првиот впечаток што се наметнува при читањето на книгата „Биглино”, од Ило В. Гајтаноски е дека таа и припаѓа на оној тип прози какви што се „Приказните од старата воденичка” од Алфонс Доде – силно врежани сеќавања во зборовите и душата на раскажувачот, во кои деталите, лицата, миризмите и боите пливаат низ родниот предел.
Биглино има повластено место во авторовата сентиментална топографија во која реалистичното и поетичното се преплетуваат преку впечатливата јазична свежост и изворност. Како што Гајтаноски вели во стиховите на почетокот на збирката, како своевиден вовед во понатамошните раскази „... и виденото и чуеното и раскажаното...и тишината...се заробени во едно исто лице и едно исто име – Биглино”.
Александар Прокопиев
Оценки
Сѐ уште нема оценки.