Болка во џебот
Author:
Аста Оливија Норденхоф
Publisher:
Антолог |
Language:
Македонски |
Year:
2022
Original title:
Penge på lommen |
Num. of pages:
160 |
Dimensions:
13×20
|
Cover:
мека
Роман за слепата љубов, насилството и капитализмот. Базиран е на вистински настан – пожар на патнички траект во 1990 година, во кој загинаа 159 луѓе. Иако настанот е реален, ликовите се фиктивни. Жена патува со автобус низ јужна Данска. Кога погледнува низ прозорецот, пред неа се појавува лик на маж со бела коса. Заслепена е од неговото лице, но не го препознава. Повторно се качува во автобусот, овој пат патувајќи во спротивната насока, и се симнува на местото каде што ѝ се појавил ликот на човекот. Во моментот кога се доближува до една куќа и заѕвонува на ѕвончето, пред неа се откриваат слики од животот на двајца луѓе, Курт и Меги. Сопружниците живеат на фарма во своите подоцнежни години. Тука Курт ја започнува својата мала автобуска компанија, додека Меги води тивок живот, тонејќи во спомените. Во куќата тие се љубат и се караат. Како што изминуваат годините, караниците се сè почести, сѐ додека нивната врска не се распадне, оставајќи ги само со чувство на апатија. Тоа што на почетокот е пламена страст почнува да венее, а насилното минато и финансиските проблеми сѐ повеќе се испречуваат помеѓу нив. По нејзината смрт, еден бизнисмен го охрабрува Курт да инвестира во траект што ќе плови помеѓу Данска и Норвешка. Набрзо ги губи сите вложени пари откако траектот ќе изгори. Ги поминува своите последни денови сам и во сиромаштија. Спомените го измачуваат и почнува да ги слуша криковите на првородениот син. Романот е наречен „најамбициозен книжевен потфат за 2020 година“.
Reviews
There are no reviews yet.