Борба против невработеноста: Макроекономска анализа на Центарот за европски политички студии

Publisher: Арс ЛАМИНА | Language: Македонски | Year: 2012
Original title: The Fight Against Unemployment: Macroeconomic Analysis from the Centre for European Policy Studies | Num. of pages: 216 | Dimensions: 145x207 | Cover: /

Ова издание на Центарот за европски политички студии содржи макроекономска анализа за проблемот со невработеноста во Европа. И покрај закрепнувањето на економијата, невработеноста сè уште е присутна со висок процент. Продискутирани се темите повразни со севкупната побарувачка и со флексибилноста на пазарот на трудот, создавањето капитал и организацијата на работното време за постигнување поделба на трудот.
Извештајот што е содржан во ова издание идентификува мешавина од макроекономски стратегии кои постепено може да го поттикнат производството и да ја вратат инфлацијата на ниво од 5%
, како што тоа беше случај во доцните 70-ти години на минатиот век. Покрај ригидните политики за борба против невработеноста, станува збор и за севкупната платна флексибилност и законските норми што важат за пазарот на трудот. Една од поинтересните теми е поделбата на работата како средство за промовирање на вработувањето. Оваа поделба се однесува на поефикасна распределба на постојните работни места меѓу веќе присутните на пазарот на трудот и новодојдените. Дадени се примери за неколку начини како може таа поделба да се реализира во практика преку размена на работни места меѓу работниците со различен старосен профил, преку поделба на работните места и размена на работните часови за одредено работно место.
Сите овие дискусии и заклучоци се средени во ова книга благодарение на уредниците Ричард Лејард, професор по економија, раководител на Центарот за економија на трудот при Лондонското училиште за економија и претседател на извршниот одбор на Институтот за вработување и Ларс Калмфорс, вонреден професор по економија при Институтот за меѓународни студии по економија на Универзитетот во Стокхолм, Шведска.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
ekonomija@arslamina.com.

 

Rated 5 out of 5 based on 4 customer ratings
(1 customer review)

Price: 990 ден

50 in stock

Compare
Sold By Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Борба против невработеноста: Макроекономска анализа на Центарот за европски политички студии

Category:
SKU: 978-608-229-047-8

1 review for Борба против невработеноста: Макроекономска анализа на Центарот за европски политички студии

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (verified owner)

Add a review

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in