Босанскиот џелат

Издавач: Алманах | Јазик: Македонски | Година: 2018
Оригинален наслов: Bosanski dželat - Ein bosnischer Scharfrichter | Бр. на страни: 224 | Димензии: 21x13 | Корица: /

Ранко Рисојевиќ е писател, поет, драматург, преведувач, есеист, математичар и физичар. Роден е 1943 г. во с. Календери, БиХ. Во текот на плодната кариера како писател објавил повеќе од четириесет дела. Добитник е на бројни книжевни награди меѓу кои и наградата „Бранко Ќопиќ“ на САНУ за романот „Босанскиот џелат“, кој во 2004 г. влегува и во најтесниот избор за роман на годината на списанието „НИН“. Романот е преведен на англиски, германски, француски и чешки јазик и е еден вид хроника на периодот на смената на власта при австроунгарската окупација на Сараево од крајот на 19-от и почетокот на 20 век во кој е сместена и животната приказна на џелатот Алојз Зајфрид. ...Не се сеќавам веќе точно од кого дознав дека Зајфрид е жив и дека живее во улицата „Капетан Градашчевиќ“ број 7. Собирав податоци за „младобосанците“ и секој факт ме интересираше, особено фотографиите што во тоа време ги имаше многу малку. Австриските чиновници имаа фотографски апарати и кај некои беше обичај да се фотографираат при извршувањето на најтешките казни. Отидов до Зајфрид за да утврдам дали тој ги има и ако ги има, дали можам да ги добијам.

Цена: 260 ден

2 на залиха

Спореди
Продавач Алманах

Report an abuse for product Босанскиот џелат

Категории: ,
ИСБН: 978-608-4794-24-0

Questions and Answers

You are not logged in