Божикен ораториум

Publisher: Антолог | Language: Македонски | Year: 2015
Original title: Juloratoriet | Num. of pages: 352 | Dimensions: 13x20 | Cover: мека

Најважното дело на шведскиот писател Јоран Тунстрјом е фамилијарна сага на три генерации во текот на бурниот XX век. Романот почнува во 1930-та, кога Солвег (сопруга на Арон и мајка на Сиднер) е убиена. Семејството потонато во тага, го напушта домот и се преселува во друг град, надевајќи се дека ќе го почне животот одново, но открива дека емотивниот товар го понеле со себе. Арон, погоден од загубата, почнува да ја „гледа“ сопругата во разни халуцинации, и почнува да ја бара нејзината реинкарнација во некоја жена од другата страна на светот. Интроверниот тинејџер Сиднер тргнува во потрага по емотивна зрелост, која го води во чудни пријателства со уличен џамбаз и слободоумна возрасна жена. Божикен ораториум е голема панорама на човековата борба, амбиција, желба и копнежи, напишана од еден од најважните шведски романсиери. Фокусирана на три генерации на семејството Норденсон, се открива цела сага, детално изградена како кантата на Бах и емоционално комплексна како филм на Бергман.Добитник на високата Нордиска книжевна награда во 1984 година. Истоимениот филм од 1996. 

Price: 300 ден

Out of stock

Notify me when the product will be in stock

Compare
Sold By Антолог

Report an abuse for product Божикен ораториум

Category:
SKU: 978-608-4507-99-4

Questions and Answers

You are not logged in