Брада натопена со крв

Издавач: Антолог | Јазик: Македонски | Година: 2022
Оригинален наслов: Barba ensopada de sangue | Бр. на страни: 400 | Димензии: 20 | Корица: мека

Главниот лик се обидува да ги открие деталите за смртта на дедо си.

Почнува со посета на татко му кој му ја најавува намерата да се самоубие и му ја раскажува приказната за мистериозната смрт на дедо му. Го убиле во Гаропаба, мал приморски град на југот на Бразил, во текот на неделна игранка, кон крајот на 1960-тите, при што никогаш не биле најдени ни телото ни виновниците. Скршен по загубата на татко си, семејните несогласувања и љубовното предавство, младиот човек, инаку професор по физичко образование, се сели во Гаропаба во потрага по личен мир и по вистината за дедо му. Но многу тешко доаѓа до информации бидејќи оние што го познавале не сакаат да зборуваат. Реализацијата на неговите цели особено ја отежнува и неговата необична невролошка состојба: не ги памети лицата на луѓето, дури ни на оние што ги познава со години.

Сепак, во новото секојдневје, меѓу неочекуваните познанства, емотивни врски и патувањата, открива многу повеќе, не само за дедо му туку и за самиот себе.

„Брада натопена со крв“ во 2012 година ја добива наградата за литература на Сао Паоло.

Цена: 500 ден

10 на залиха

Спореди
Продавач Антолог

Report an abuse for product Брада натопена со крв

Категории: , , ,
ИСБН: 978-608-243-542-8

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Брада натопена со крв”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in