Брада натопена со крв
Author:
Даниел Галера
Publisher:
Антолог |
Language:
Македонски |
Year:
2022
Original title:
Barba ensopada de sangue |
Num. of pages:
400 |
Dimensions:
20
|
Cover:
мека
Главниот лик се обидува да ги открие деталите за смртта на дедо си.
Почнува со посета на татко му кој му ја најавува намерата да се самоубие и му ја раскажува приказната за мистериозната смрт на дедо му. Го убиле во Гаропаба, мал приморски град на југот на Бразил, во текот на неделна игранка, кон крајот на 1960-тите, при што никогаш не биле најдени ни телото ни виновниците. Скршен по загубата на татко си, семејните несогласувања и љубовното предавство, младиот човек, инаку професор по физичко образование, се сели во Гаропаба во потрага по личен мир и по вистината за дедо му. Но многу тешко доаѓа до информации бидејќи оние што го познавале не сакаат да зборуваат. Реализацијата на неговите цели особено ја отежнува и неговата необична невролошка состојба: не ги памети лицата на луѓето, дури ни на оние што ги познава со години.
Сепак, во новото секојдневје, меѓу неочекуваните познанства, емотивни врски и патувањата, открива многу повеќе, не само за дедо му туку и за самиот себе.
„Брада натопена со крв“ во 2012 година ја добива наградата за литература на Сао Паоло.
Reviews
There are no reviews yet.