Буденброкови, Том 2
Автор:
Томас Ман
Издавач:
Арс ЛИБРИС |
Јазик:
Македонски |
Година:
2014
Оригинален наслов:
Buddenbrooks |
Бр. на страни:
316 |
Димензии:
135x200
|
Корица:
/
Буденброкови - пропаст на една фамилија е хроника на едно богато трговско семејство, кое со голема упорност успева да стане моќно. Романот опфаќа четири генерации на семејството Буденброк, од стариот Џон, преку конзулот до сенаторот и неговиот син Хано. Ман го следи тоа семејство, кое достигнувајќи врв почнува да се распаѓа. Истовремено тука се ликовите и на другите браќа и сестри, нивните бракови и разводи, љубови и кавги. Прикажани се лихварство, банкроти, финансиски тешкотии, со што романот не е само слика на едно семејство туку и на целата граѓанска Европа од крајот на 19 век.
Опишувајќи го пропаѓањето на граѓанското семејство, Ман употребил автентични податоци од животот во својот град, но и некои автобиографски моменти. Дејството е сместено во Либек, родниот град на Ман, и го следи постепениот пад на една богата и угледна трговска фамилија, низ неколку генерации, во 19 век. Во одредена мера, романот се базира и на неговиот живот и на фамилијата, но во прв ред е портретирањето на германското општество во 19 век. Од литературна гледна точка, романот е еден од најпознатите примери на психолошки, интроспективен реализам во германската книжевност и претставува премин кон симболизмот на 20 век.
1 оценка за Буденброкови, Том 2
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –