Чувствителен човек
Автор:
Јахим Топол
Издавач:
Артконект |
Јазик:
Македонски |
Година:
2020
Оригинален наслов:
Citlivý člověk / Jáchym Topol |
Бр. на страни:
392 |
Димензии:
14×20 cm
|
Корица:
/
Moур, средовечен актер, патува низ Европа со својата сопруга и двете мали деца. Посетуваат театарски фестивали на кои целото семејство ги изведува своите претстави. Соочено со сè поголемата омраза кон странците во Западна Европа, актерското семејство решава да се врати дома, во Чешка. Меѓутоа, нивниот пат до дома се претвора во пародична авантура со епски пропорции и митска симболика, често балансирајќи на работ на апсурдното. Во својот најнов роман Јахим Топол ги крши конвенциите на раскажувањето, ги меша времињата, ги преплетува фантазијата и стварноста, ги претопува ликовите еден во друг – со цел да го наслика културниот, политички и социјален хаос во денешна Источна Европа. Ова е роман за „Дивиот Исток“, преполн со гротескни ликови, црн хумор и жестока општествена критика.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.