Да се насмее пес

Издавач: Блесок | Јазик: Македонски | Година: 2009
Оригинален наслов: Nasmijati psa | Бр. на страни: 168 | Димензии: 120x170 | Корица: /

Оља Савичевиќ Иванчевиќ знае да го преработува она што во животот го прочитала, да персифлира, да имитира и да ги менува сопствените авторски личности, значи, да го прави сето она што повеќето нејзини современици, кои ги немаат сите петки, никогаш нема да можат да го сторат. Миљенко Јерговиќ, Најдобри хрватски раскази 2006 Шарена и храбра книга од смела и инвентивна авторка. Бучниот и незаузден стил, растреперен од емоции, е зачинет со многу убав завршеток. Ја оставате книгата, возбудени, и си мислите: Еј! Ова се вика книжевност. Deutschlandfunk Хрватската писателка Оља Савичевиќ ни ги обзема сетилата со нејзините прекрасни раскази за рак на дојка, анорексија и ропство. Таа нема намера да ја поттикне тежината на овие теми, но тие некако се прикрадуваат во нашата свест. Одеднаш сме загубени во оваа хипнотичка магла и не можеме да избегаме. Ниту сакаме. blond Тука се измешани сите зачини на југот, горчината на секојдневието со веселиот ужас кој се крие во нештата. И во зборовите. Со причина добро прифатена книга каква до сега не сме имале, на еден свет кој е доволно посебен што со право веќе сега можеме сериозно и со копнеж да прашаме: Оља, пишуваш ли нешто ново? Ивица Пртењача, Глобус

Цена: 170 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Блесок

Report an abuse for product Да се насмее пес

Категорија:
ИСБН: 978-9989-928-99-4

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Да се насмее пес”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in