Да се смислува и да се талка : збирка размисли од Џеф Безос

Publisher: Арс ЛАМИНА | Language: Македонски | Year: 2022
Original title: Invent and wander : the collected writings of Jeff Bezos | Num. of pages: 312 | Dimensions: 145/205 | Cover: тврда

Со оваа фасцинантна збирка на записи од Џеф Безос – оригиналните годишни обраќања до акционерите, заедно со бројни говори и интервјуа коишто го откриваат неговиот живот, работа и развојот на неговите идеи – ќе ја разберете заднината на неговиот феноменален успех во деловниот свет. Опфаќајќи многу теми од областа на бизнисот и политиката, од иновациите и опседнатоста со корисниците, па сè до климатските промени и освојувањето на вселената, оваа книга нуди редок увид во начинот на размислување на Безос, но и поглед во блиската иднина во чие обликување тој непосредно учествува. Книгата е напишана во директен, јасен стил и содржи неизоставни лекции за безнис-вредностите, стратегијата и извршувањето на деловните замисли. Покрај тоа, авторот на читателот му нуди и необично јасни и разбирливи излагања на многу поими од областа на бизнисот, финансиите, јавните политики, објаснети на оригинален и лесно сфатлив начин од страна на еден од најбогатите луѓе во историјата на човештвото. Оваа книга е неизоставно четиво за секој што сака да разбере како визионерството на само еден човек има моќ да ги унапреди животите на милиони други, и тоа на конкретен, опиплив начин. Раководители, претприемачи кои штотуку почнуваат, но и милионите потрошувачи на производите и услугите што ги нудат претпријатијата на Џеф Безос – со оваа книга сите имаат можност да ги разберат принципите на успехот на еден од најважните иноватори на денешнината.

Price: 450 ден

17 in stock

Compare
Sold By Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Да се смислува и да се талка : збирка размисли од Џеф Безос

Categories: ,
SKU: 978-608-267-376-9

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Да се смислува и да се талка : збирка размисли од Џеф Безос”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in