Даниел Штајн, преведувачот
Автор:
Људмила Улицкаја
Издавач:
Антолог |
Јазик:
Македонски |
Година:
2022
Оригинален наслов:
Даниэль Штайн, переводчик |
Бр. на страни:
492 |
Димензии:
13/20
|
Корица:
тврда
„Животот е чудо“ – за вистински да ја доживееме оваа мисла некогаш ни треба – преведувач!
Даниел Штајн е полски Евреин, кој го преживува холокаустот со играта на среќата и чудото. Работејќи за Гестапо како преведувач, тој им помогнал и на голем број свои сонародници. Подоцна пребегнува во партизани, а по војната преминува во католицизам, станува свештеник и заминува за Израел. Колку и да звучи сето ова како сплет од неверојатни ситуации, животот и судбината на Даниел Штајн не се измислица за потребите на книжевноста. Неговиот лик е директно инспириран од Освалд Руфајзен, односно – брат Даниел.
Една од главните теми е токму соживот меѓу луѓето од различни религии, како и потрагата по Бога и богословските размислувања на овој католички свештеник, кој е Евреин по потекло и јудеј по воспитување. Способноста на Даниел да биде уникатен, со голем број противречности во себе, истовремено да комуницира со сите култури, да ги надминува лингвистичките и културни бариери, го издигнува во симбол на љубовта, хуманоста, слободата и толеранцијата.
Книгата е колаж од лични приказни раскажани преку писма, дневници, беседи и различен вид историски документи. Едногласно прифатен и од публиката и од критиката од целиот свет, „Даниел Штајн, преведувачот“ е еден од најзначајните руски романи на нашето време.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.