Даниел Штајн, преведувачот

Publisher: Антолог | Language: Македонски | Year: 2022
Original title: Даниэль Штайн, переводчик | Num. of pages: 492 | Dimensions: 13/20 | Cover: тврда

„Животот е чудо“ – за вистински да ја доживееме оваа мисла некогаш ни треба – преведувач! Даниел Штајн е полски Евреин, кој го преживува холокаустот со играта на среќата и чудото. Работејќи за Гестапо како преведувач, тој им помогнал и на голем број свои сонародници. Подоцна пребегнува во партизани, а по војната преминува во католицизам, станува свештеник и заминува за Израел. Колку и да звучи сето ова како сплет од неверојатни ситуации, животот и судбината на Даниел Штајн не се измислица за потребите на книжевноста. Неговиот лик е директно инспириран од Освалд Руфајзен, односно – брат Даниел. Една од главните теми е токму соживот меѓу луѓето од различни религии, како и потрагата по Бога и богословските размислувања на овој католички свештеник, кој е Евреин по потекло и јудеј по воспитување. Способноста на Даниел да биде уникатен, со голем број противречности во себе, истовремено да комуницира со сите култури, да ги надминува лингвистичките и културни бариери, го издигнува во симбол на љубовта, хуманоста, слободата и толеранцијата. Книгата е колаж од лични приказни раскажани преку писма, дневници, беседи и различен вид историски документи. Едногласно прифатен и од публиката и од критиката од целиот свет, „Даниел Штајн, преведувачот“ е еден од најзначајните руски романи на нашето време.

Price: 600 ден

10 in stock

Compare
Sold By Антолог

Report an abuse for product Даниел Штајн, преведувачот

Categories: ,
SKU: 978-608-243-544-2

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Даниел Штајн, преведувачот”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in