Дарко во зоо паркот
Author:
Киро Донев
Publisher:
Македоника |
Language:
Македонски |
Year:
2019
Original title:
Дарко во зоо паркот |
Num. of pages:
152 |
Dimensions:
21 cm
|
Cover:
мека
Најновата книга на Киро Донев, "Дарко во зоо паркот" 150е поделена во два дела, во првиот – „Дарко во зоо паркот“ се објавени триесетина текстови во кои се претставени исто толку животни. Претставени се преку разговор што го води главниот лик – младиот новинар Дарко. Всушност, најпопуларните животни за децата се претставени низ дијалози од аспект на самите животни. На овој начин Киро Донев ги потенцира хуманите односи меѓу човекот и животните. Вториот дел на книгата е насловен со „Приказни за годишните времиња“. Објавени се триесетина текстови кои се однесуваат на четирите годишни времиња, но во сите нив основната тема се животните и природата. Киро Донев е познат и широко прифатен од младите читатели по инвентивниот хумор и ведрината во неговото творештво, а тоа е присутно и во оваа книга. Иако се наменети за помлада целна група на читатели, неговиот препознатлив хумор ја брише границата меѓу хуморот наменет за најмладите и за возрасните читатели.
Reviews
There are no reviews yet.