Денес е петок
Author:
Ернест ХЕМИНГВЕЈ
Publisher:
Ѓурѓа |
Language:
Македонски |
Year:
2010
Original title:
/ |
Num. of pages:
112 |
Dimensions:
125X200
|
Cover:
/
Маж и жена во љубовна расправија, млад војник на испрашување кај претпоставениот, девојка која доживува разочарување во својата прва љубов, старец кој седи пред реката не можејќи да го помине мостот и да го остави целиот свој живот зад себе, млади луѓе во вителот на граѓанската војна во Шпанија – сите овие личности од приказните на Хемингвеј, фатени во канџите на животот, се наоѓаат среде конфликтни ситуации во кои е тешко да се најде излезот. Но излезот секогаш постои. Има мигови кога умот, заматен од голем умор или од лутина, не може да ја открие целта на дејствувањето. Но мажот и жената знаат дека мораат да продолжат во животот, макар и секој по својот пат. Учесниците во вителот на војната, мртви од умор и разочарани од неостварените идеали, знаат дека мораат и утре да бидат војници. И покрај разочарувањата, и покрај смртните опасности и неминовноста да се збогуваме со довчерашното постоење – секогаш постои една мала светла точка на крајот од тунелот.
1 review for Денес е петок
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (verified owner) –