Девет ноќи

Издавач: Антолог | Јазик: Македонски | Година: 2017
Оригинален наслов: Nove Noites | Бр. на страни: 160 | Димензии: 13х20 | Корица: /

денари Автор: Наслов на оригиналот: Во август 1939 година американскиот дваесет и седумгодишен етнолог Бјуел Квејн се самоубива во Бразил. Ова многу паметно момче од богато семејство во тоа време вршело истражувања на племињата од Амазонија. Зад себе оставил седум писма, во кои наведува различни причини за самоубиството: некаде вели дека го измачувала тешка болест, а на друго место дека не можел да ја преболи прељубата меѓу неговата сопруга и брат му (но тој ниту бил женет ниту имал брат). Овој вистински историски случај останал табу во бразилската антропологија и наскоро бил заборавен од јавноста. Ликот што ја раскажува приказната живее во денешно време и смета дека мора да постои и осмо писмо, па тргнува да го бара. Но потрагата го фрла во лудило. Овој роман на Бернардо Карваљо го споредуваат со делата на В. С. Најпол, Вилијам Фокнер, Џозеф Конрад и Брус Чатвин.   Бернардо Карваљо (роден 1960) е бразилски писател и новинар. Бил уредник на книжевен прилог, како и дописник од Париз и Њујорк за бразилскиот дневен весник „Fohla de S. Paulo“. Автор е на 12 романи преведени на повеќе јазици. Добитник е на неколку значајни книжевни награди.   „Го зграпчува читателот... во стилот на Џозеф Конрад.“ Тету
Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците

Цена: 250 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Антолог

Report an abuse for product Девет ноќи

Категорија:
ИСБН: 978-608-243-244-1

Questions and Answers

You are not logged in