Дишечкото возвишение
Дебитанската проза на Бети Фајон (псевдоним зад кој се крие младата бугарска писателка Марија Добревска) по својот смел и необичен книжевен експеримент веднаш го привлече вниманието и на публиката и на критиката во соседна Бугарија. Нејзиниот книжевен првенец за своите доблести веднаш влезе во финалето на најпрестижната бугарска награда за проза и малку фалеше да стане нејзин лауреат. Книгата го привлече вниманието затоа што е толку поразлична од творечките преокупации на другите бугарските автори.
Оние што сакаат метафори би рекле дека се работи за типично женско писмо. Тоа се гледа во типот на пишувањето, како и во релацијата на двата главни лика во приказната, јас и ти, односно машкото и женското, Мари и г. А. Но овде не се работи за класични опозити, туку за многу необични деконструкции на сите позиции од вообичаените дихотомии во женското писмо.
Reviews
There are no reviews yet.