До кога само лоши вести?

Publisher: БАТА ПРЕСС | Language: Македонски | Year: 2018
Original title: / | Num. of pages: 338 | Dimensions: 21х14 | Cover: мека

Еден топол летен ден, малечката Џоана Мејсон со фамилијата полека се враќа дома по нивната патека. Еден момент подоцна, таа е сведок на ужасно злосторство и животот на Џоана е променет засекогаш...
Триесет години подоцна, во темната ноќ, поранешниот детектив Џексон Броди е во воз што доцни и е преполн. Задлабочен во своите мисли, одеднаш слуша шокантен звук....
На крајот на долгиот ден, шеснаесетгодишната Реџи гледа малку телевизија. Тогаш ужасна бучава ја расипува нејзината мирна ноќ.  За среќа, Реџи е спремна за секаков итен случај...
Овие три и многу други ликови се среќаваат на неочекуван и на многу непредвидлив начин.
Во низа трагични настани е отсликано нашето време...
„Како во најдобрите криминални романи, драматични случки и неочекувани пресврти, со тоа што Аткинсон го преобразува жанрот“
Индепендент
„Книга што апсолутно морате да ја прочитате!“
Харлан Кобен
„Со станувањето крими писателка таа стана подобра литерарна писателка од кога било: забавна, интелигентна... Кејт Аткинсон е ретка ѕверка, и изненадувачка генијална романсиерка“
Guardian
„Романот не е детективски во формална смисла на зборот, иако е полн со нерешени мистерии и неизвесност. Ова е една од ретките фикции што ѝ пркосат на категоризацијата... способноста за забележувањето на човечката природа е моќна.“
Sunday times
„Тешко е да замислите роман што почнува на повозбудлив и по застрашувачки начин...“
New York Times Book Review
„Пишувањето на Аткинсон е шармантно, и нејзиниот стил и остроумност секогаш се восхитувачки... Една фикција за големо уживање.“
New York Times
Кејт Аткинсон е родена на 20 декември 1951 година. Таа е славна и наградувана британска писателка. Три пати ја освоила престижната книжевна награда Costa Book Award со романите Зад сцената на музејот, Живот по живот и Бог во урнатините. Во 2011 година за своето творештво е одликувана со Орден на Британската империја. Магистрирала англиска литература на универзитетот во Данди, а докторирала во областа на американската литература. Според сценариото за оваа и за уште три книги за поранешниот инспектор Џексон Броди снимена е телевизиска серија во продукција на познатата британска медиумска корпорација Би-Би-Си.
Кејт Аткинсон со сопругот живее во Единбург, Шкотска.

Price: 400 ден

Out of stock

Notify me when the product will be in stock

Compare
Sold By БАТА ПРЕСС

Report an abuse for product До кога само лоши вести?

Category:
SKU: 978−608−253−052−9

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “До кога само лоши вести?”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in