Добриот војник

Издавач: Конгресен Сервисен Центар | Јазик: Македонски | Година: 2013
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: 194 | Димензии: 21 цм | Корица: /

/Ако кон списокот на оние што му се восхитуваат на Форд Медокс Форд ги додадеме авторите кои недвосмислено го искажале својот восхит за неговото дело, а меѓу нив спаѓаат: Езра Паунд, Винстан Хју Одн, Роберт Лоувел, Вилијам Карлос Вилијамс, Гор Видал, Малколм Бредбери, Том Стопард и многу други, тогаш навистина романот „Добриот војник“, со својата формална совршеност и виртуозност на раскажувањето, го поставува Форд Медокс Форд во врвовите и на раниот модернизам овоплотен во делата на Хенри Џејмс и Џозеф Конрад, но и на високо модернистички дела на еден Марсел Пруст или Џејмс Џојс. Овој силен и недвосмислен став на високо вреднување на творештвото на Форд Медокс Форд може да се потврди и низ зборовите на врвниот теоретичар и проучувач на делата на Сорен Кјеркегор и на Вирџинија Вулф, англискиот професор Роџер Пул, кој без никакви стеснувања констатира: „големи модерни романсиери се Џејмс Џојс, Марсел Пруст, Вирџинија Вулф и Форд Медокс Форд“.

И, навистина, местото на Форд Медокс Форд е меѓу овие книжевни величини, та токму затоа, му посакуваме на овој автор срдечно добредојде во нашата средина со овој прв превод на македонски јазик!

Цена: 315 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач КСЦ/ПОЛИЦА

Report an abuse for product Добриот војник

Категорија:
ИСБН: 9786084694854

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Добриот војник”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in