Долна земја
Author:
Џозеф О'Нил
Publisher:
Издавачки центар ТРИ |
Language:
Македонски |
Year:
2012
Original title:
Netherland |
Num. of pages:
300 |
Dimensions:
140х205
|
Cover:
/
ДОЛНА ЗЕМЈА – Џозеф О’Нил
Добитник на наградата ПЕН/Фокнер
ШТО ДА ПРАВИ ЧОВЕК КОГА ЖЕНА МУ ЌЕ ГО НАПУШТИ, ЌЕ МУ ГО ЗЕМЕ ДЕТЕТО И ЌЕ ГО ОСТАВИ САМ ВО ГРАДОТ НА ДУХОВИТЕ?
Ханс ван ден Брук го избира крикетот. Сам во градот погоден од тероризам, се обидува да разбере зошто од неговиот живот исчезнале луѓе, места, чувства, па наоѓа утеха во спортот што го играл во детството. Ама крикетот што се игра во Њујорк нема никаква врска со мирниот спорт со кој растел. Крикетот во Њујорк е груба, речиси тајна игра што се игра во запуштени, маргинални урбани паркови, а ја играат луѓе кои градот воопшто не ги забележува – луѓе каков што е Чак Рамкисун. Години подоцна, тело на човек со врзани раце на грбот испливува во каналот на Њујорк, а Ханс е принуден да се сети на необичното пријателство со Чак – сонувач, визионер, а можеби и нешто друго, нешто мрачно...
„Генијален роман што опседнува.“ Дејли телеграф „Прекрасно напишано дело. Прераскажување на американскиот сон; коментар за нашето време; љубовна приказна; химна посветена на крикетот и убиство-мистерија.“ Сандеј телеграф
„Прекрасно напишано дело. Прераскажување на американскиот сон; коментар за нашето време; љубовна приказна; химна посветена на крикетот и убиство-мистерија.“
„Сандеј телеграф“
„Ова е најбогатото дело со духовитост, гнев, педантност и прецизност, дело посветено на Њујорк и на Лондон по нападот на „Кулите близначки“. Го проголтав во три огромни и слатки голтки и си ја изгаснав жедта, а не ни знаев дека сум бил жеден. “
„Њујорк тајмс“
„Долна земја е толку внимателно и совршено исткаено дело, што човек едноставно не може, а да не се восхитува на суштината – прекрасно извезено истражување низ спомените и сопственото „јас“ изразено на прекрасен начин со прекрасни зборови.“
„Сандеј телеграф“
„Роман преполн со сликовити, шарени, богати параграфи што зрачат со возвишена и речиси халуцинаторна генијалност. Одличен американски роман со обичен Европеец во фокусот. О’Нил успеал да создаде несекојдневен херој погоден за нашево несигурно време.“
„Обзервер“
„Како што читате, сосема незабележително, малку по малку, полека но сигурно се претворате во обична пепел од силниот сјај на совршеност што зрачи од страниците на „Долна земја“.“
Себастијан Бери
„Неизвесен, уметнички, психолошки. . . совршен од сите можни аспекти.“
Џонатан Сафран Фојер
„Ретка комбинација од амбиција и скромност. Ова е најдобриот роман посветен на крикетот досега напишан.“
„Литерари ривју“
„Ова е роман полн со емоции и интелигенција. Долна земја е приказна за животот на еден човек во прогонство – далеку од домот, далеку од семејството и најважно од сѐ, далеку од самиот себе.“
„Вашингтон пост“
Reviews
There are no reviews yet.