Двојната земја
Поранешна Југославија беше жешката тема на 90-тите во светот, не само поради бурните политички-воени настани, туку бидејќи тука отсекогаш двојно повеќе се мразело и се сакало од другите краишта на земјината топка. И кога и да се прави едното неминовно се вклучува и другото. Не можеш да сакаш без малку да мразиш. Таков е Балканот. Двосмислен е и пристапот на авторката, која со носталгија и критика раскажува за Југославија, донесувајќи приказна на груба воена реалност и на полн еротски набој.
„Биргите Косовиќ пишува извонредно и мудро за човек што изгубил сè и кој низ граѓанска војна го доживува распадот на својата земја. Одлично напишан, длабоко остроумен, потресен роман. Ние во Данска треба да сме благодарни што имаме можност да чуеме приказна за поранешна Југославија пренесена на еден толку жив и раскошен начин. Роман за кој ни секунда не треба да се двоумите дали да го прочитате!“
Андерс Јул Расмусен, Кристелихт Даглбад
„Двојната земја долго по читањето останува во нас, читателите. Фасцинирани сме, вознемирени, маѓепсани, што е можно само кога ќе сретнеме писател кој на возвишен начин создава свој посебен универзум. Прекрасен роман за војната и за поделбите“.
Ларс Боневи, Викендевисен
Биргите Косовиќ (1972) е данска новинарка и писателка. Двојната земја е нејзина трета и најпозната книга, чија подготовка и истражувања траеле цели 11 години. Авторката во романот влегува во костец со корените на семејството на татко ѝ кој потекнува од поранешна Југославија.
Романот е добитник на наградата „Роман на годината“ на Данското национално радио.
1 оценка за Двојната земја
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –