Еден ден на Иван Денисович

Издавач: Ѓурѓа | Јазик: Македонски | Година: 2011
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: 112 | Димензии: 125X200 | Корица: мека

На книжевната сцена Солженицин се јавува токму со Еден ден на Иван Денисович, повест за една од невините жртви на сталинистичките чистки, осуден на десетгодишна робија. Иако на прв поглед се работи за опис на „обичен“ ден на еден „обичен“ Русин во логорско заточеништво, главната идеја на ова дело е, всушност, зачувувањето на човечкото достоинство и на интегритетот во крајно сурови и нечовечки услови.Дејството се заснова врз автобиографските искуства на самиот автор, кој од 1945 г. поминал 8 години на робија во Сибир, поради директното критикување на Сталин во едно свое писмо. Дотогаш табуизирана, оваа тема тој подоцна ја развива речиси во целото свое творештво.Овој роман е првото руско книжевно дело кое отворено проговорило за таа забранета тема, а цензурата била избегната благодарение на тоа што веќе бил започнат процесот на рушење на Сталиновиот култ на личноста. Романот прв го прочитал и го одобрил за објавување Никита Хрушчов.

Цена: 150 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Ѓурѓа

Report an abuse for product Еден ден на Иван Денисович

Категорија:
ИСБН: 9786082011332

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Еден ден на Иван Денисович”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in