Еден ден на Иван Денисович
Author:
Александар СОЛЖЕНИЦИН
Publisher:
Ѓурѓа |
Language:
Македонски |
Year:
2011
Original title:
/ |
Num. of pages:
112 |
Dimensions:
125X200
|
Cover:
мека
На книжевната сцена Солженицин се јавува токму со Еден ден на Иван Денисович, повест за една од невините жртви на сталинистичките чистки, осуден на десетгодишна робија. Иако на прв поглед се работи за опис на „обичен“ ден на еден „обичен“ Русин во логорско заточеништво, главната идеја на ова дело е, всушност, зачувувањето на човечкото достоинство и на интегритетот во крајно сурови и нечовечки услови.Дејството се заснова врз автобиографските искуства на самиот автор, кој од 1945 г. поминал 8 години на робија во Сибир, поради директното критикување на Сталин во едно свое писмо. Дотогаш табуизирана, оваа тема тој подоцна ја развива речиси во целото свое творештво.Овој роман е првото руско книжевно дело кое отворено проговорило за таа забранета тема, а цензурата била избегната благодарение на тоа што веќе бил започнат процесот на рушење на Сталиновиот култ на личноста. Романот прв го прочитал и го одобрил за објавување Никита Хрушчов.
Reviews
There are no reviews yet.