Еден текст и една жена
Author:
Оливера Ќорвезироска
Publisher:
ИЛИ-ИЛИ |
Language:
Македонски |
Year:
2016
Original title:
Еден текст и една жена |
Num. of pages:
285 |
Dimensions:
20*13
|
Cover:
/
Љубовно-критички интерпретации и ситуации.
Некој рекол дека денес е полесно да најдете добри писатели отколку добри читатели. Најновата книга на Оливера Ќорвезироска е одличен показ дека е возможно да се спојат добар читател и добар писател во една личност. Снајперски прецизните поенти и согледби, втемелени врз проникливите читања на рецентни книжевни дела со кои писателката развила читателски љубовни врски се најавени уште со насловот на книгата. Благодарение на Оливера Ќорвезироска, секој толкуван книжевен текст во оваа книга добива живи и луцидни „љубовно-критички“ интерпретации низ призмата на „една жена“. Иако станува збор за критичко-есеистичка книга, Ќорвезироска успеала да напише „Книга со срце“. Љубовта кон Текстот е двојно кодирана: како кон Текстот за кој се пишува, така и кон Текстот што притоа се испишува. Оваа книга е истовремено силен демант на честата теза за „смртта на книжевната критика“ во нашиот книжевен контекст.
Владимир Мартиновски
Reviews
There are no reviews yet.