Едрилица на етикети
Автор:
Јиржи Хајичек
Издавач:
СлавиКа либриС |
Јазик:
Македонски |
Година:
2021
Оригинален наслов:
Plachetnice na vinětách |
Бр. на страни:
259 |
Димензии:
14x20,5
|
Корица:
/
Марија, разведена четириесет и седумгодишна доцентка по книжевност, во текот на летото ќе престојува во полупразниот стан на нејзината сестра во Чешки Крумлов. Оттаму патува на село за да се грижи за тешко болните родители и во слободно време талка меѓу толпата туристи низ улиците на Крумлов. За време на тие прошетки се запознава со младиот книжар Филип. Почетокот на нивната романса е во духот на жешкиот јули и бројните книжевни конотации. Но, пред сè, Марија сака да ги среди односите со својата сестра и да се грижи за родителите - доминантниот татко и нежната, пожртвувана мајка. И да се справи со својата осаменост. Таа се чувстува како заробена во времето, од една страна се спомените од минатото, а од друга страна тежината на годините. Во семејната традиција на силни машки примери, Марија размислува за тоа што се случило порано, но истовремено се прашува како да живее понатаму и што да очекува од „шекспировската љубов“ во најава.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.