Фикција
Author:
Мартин Валзер
Publisher:
КСЦ/Полица |
Language:
Македонски |
Year:
2017
Original title:
Fiction |
Num. of pages:
68 |
Dimensions:
21 см
|
Cover:
/
Во Фикција (1970), Валзер, во суштина, го брани уметничкото сфаќање дека писателот располага со неограничена, но и лажна креативна слобода што се пројавува само во делата за сметка на општествениот ангажман; постепено зборовите почнуваат да се спротивставуваат на бесцелно насилство врз нив, престануваат да бидат послушни, се распаѓаат и го губат оригиналното значење. Во Фикција се соочуваме со самовластието на една креативна имагинација што ги слуша само сопствените идеи и не се врзува со никаква објективна заповед или врховна цел. Недостасува каква и да е фабула, мотивите се нафрлаат произволно и создаваат бескрајно голем синџир слики. Нараторот го прекинува своето излагање за да го продолжи повторно од друга почетна точка; ликовите ги менуваат своите ликови и функции; значењето на една реченица се побива само неколку реда подоцна. Во овој текст, Валзер ја разоткрива загатката на едно литературно дело, кое всушност е неодговорно исмевање со уметноста – некаква безвредна вербална игра што се повикува на модерноста, но ја заобиколува вистинската содржина на човечкиот живот.
Reviews
There are no reviews yet.