Филозофски раскази

Издавач: Бегемот | Јазик: Македонски | Година: 2016
Оригинален наслов: Филозофски раскази | Бр. на страни: 130 | Димензии: 180x110 | Корица: мека

Собрани во оваа книга се неколку од многуте раскази од обемниот опус на фиктивна проза од Фернандо Песоа, карактеристични по својата фрагментираност и недовршеност. Филозофски или интелектуални раскази, како што ги нарекува Песоа, статични и без дејствие, каде што ликовите, Просјакот, Ѓаволот, Баронот од Тејве и Професорот Серзедаш се заплеткани во иницијациски дијалози кои му пркосат на здравиот разум. Песоа е мистичар што не може да се вклопи во ниту една вистина и постојано трага и се движи по работ на крајностите на разумот и духот. Недопишани во мигови на инспиративен изблик, расказите претставуваат совршен одраз на невозможноста да се создаде целосно и совршено дело. Совршено искушение за читателот да ги донамисли, доизрече. И како што ќе ѝ предложи Ѓаволот на Марија: „Тие се дамки светлина во мракот…“, а Песоа нè води низ нив „како аџии на патот кон тајната и спознанието“.
Рангирано 5.00 од 5 според 2 рејтинзите на корисниците

Цена: 200 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Бегемот

Report an abuse for product Филозофски раскази

Категорија:
ИСБН: 978-608-4718-48-2

Questions and Answers

You are not logged in