Францускиот тестамент
Секое лето, младиот Андреј ја посетува својата баба, Шарлота Лемонје, која искрено ја сака. Во прашливото село од кое погледот се простира на бескрајните руски степи, таа го маѓепсува својот внук, но и другите деца од селото, со чудесни приказни, кои навидум се темелат врз настани од животот: Прустовата партија тенис во Неји, посетата на царот Николај II на Париз, смртта на францускиот претседател Феликс Фор во прегратките на неговата љубовница. Но Андреј од својата таинствена баба учи и за Русија каква што никогаш не ја запознал: земја на глад и беда, брутална неправда, безнадежен хаос предизвикан од крвавата војна.
Целосно опиен, тој нејзините приказни ги вткајува во својот личен таен свет на спомени и соништа. Освен тоа, Шарлота му претставува и една живописна слика на Франција од времето на своето детство, далечна Атлантида, многу попрефинета, побезгрижна и попримамлива од Русија во седумдесеттите и осумдесеттите години. Нејзините нежни, уметнички обоени сеќавања на далечната татковина и прочитаните книги го маѓепсуваат Андреј. Длабоко нурнат во таквите визии, тој се претвора во отпадник во сопствената земја и, конечно, во немирен талкач низ Европа. Францускиот тестамент е роман со епска тежина, исполнет со страст и нежност, надеж и тага. Во секој поглед – едно волшебно, хипнотичко остварување.
Reviews
There are no reviews yet.