Гитара од палисандер
Author:
Кристина Гавран
Publisher:
Антолог |
Language:
Македонски |
Year:
2021
Original title:
Gitara od palisandra |
Num. of pages:
208 |
Dimensions:
13×20
|
Cover:
/
Романот е фокусиран на пет женски судбини. Навидум оддалечени со векови, секоја во својот свет и во својата приказна, со своите затворени светови што еволуирале од митот и суеверието до современите обрасци на однесување и женска еманципација, на крајот на романот овие жени ќе бидат поврзани во голема приказна за таинствените врски што се протегаат низ вековите. „Гитара од палисандер“ е роман во кој сè се наоѓа на своето место, кој со композицијата потсетува на големите музички дела и начинот на кој се компонирани. Гавран пишува како да компонира, плете мрежа од зборови и настани, внимава на темпото и лајтмотивите и успева да постигне одлични ефекти со суптилно изведено нијансирање. Одлично замислена, со спојувањето на просторите и времињата и впечатливо реферирање на бајката, нејзината приказна е и женска (на начин што нема врска со „женското писмо“) и музичка (не на прво, туку на длабинско структурално ниво) и, што е најважно, е севременска.
Reviews
There are no reviews yet.