Глувци и мачки наопачки

Publisher: Темплум | Language: Македонски | Year: /
Original title: Miševi i mačke naglavačke | Num. of pages: 36 | Dimensions: 29 цм | Cover: мека

„Глувци и мачки наопачки“ е книга за деца на хрватскиот писател Луко Паљетак, составена од десет хумористични и забавни песни, во кои подеднакво можат да уживаат и децата и возрасните. Игривите стихови, на македонски донесени преку одличниот превод на Пандалф Вулкански, заедно со извонредните илустрации на Александар Иванов, го водат читателот на возбудливо патување и дружење со згодите и незгодите на мачката што многу јадела, мачката што многу пиела, мачката што многу се смеела, мачката што била многу витка, мачката на психијатар… Фрагмент од книгата: „Една мачка многу пиела, трезна не била ни кога спиела, само цугала, само џокала, само шљокала, само локала, и еден ден од покрив се скљокала – баш дожд паѓал тој ден – врз главата на глушец еден. Тој глушец бил тотално трезен и љубезен ко да е везен, не пиел ни ракија ни џин ни рум, пиел само тоникум, пиел само некакви кокти и малку грицкал нокти. Кога од покривот паднала мачката сосем се изгубила (а не била смачкана), онака цврцната, онака швркната, во главата заматкана по патот се запаткала пијана ко затка! Ни глушецот не бил смачкан, само бил на работ на плачка, онака шизнат, онака ѕвизнат.“ (од песната „Една мачка многу пиела“)

Price: 300 ден

3 in stock

Compare
Sold By Темплум

Report an abuse for product Глувци и мачки наопачки

Categories: ,
SKU: 978-608-4658-42-9

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Глувци и мачки наопачки”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in