Годишни времиња
Автор:
Јулијана Величковска
Издавач:
ПНВ Публикации |
Јазик:
Македонски |
Година:
2014
Оригинален наслов:
Годишни времиња |
Бр. на страни:
140 |
Димензии:
12х18
|
Корица:
мека
Мојата глава е како капка. Како вода што испарува. Мојот ум, што ли сакав да кажам со него?! Кои ли ми беа мислите? Сакам да можам да напишам дисторзија, да пишувам гранџ, можам ли?! *** Јас немам дом, Марла. Дома е само момент, само миг за мене. Краток. Кога ќе погледнам во нечии очи и тие ме гледаат за возврат. Кога пијам зелен чај, како оној донесен од патувањето. Како вртење во круг. Или возење во стара дупла од ЈСП. Дома е кога врне дожд и преде мачка во исто време. Или додека возам велосипед. Кога зјапам во пламенче. Јас немам дом. Постојано место на живеење. Тоа се моменти на кои се навраќам или ги измислувам. Дома не е константа за мене, Марла. Не како што е тоа за вас, другите. *** Мртви птици. Гравитацијо, зошто не ги оставаш да почиваат на небото?
Questions and Answers
You are not logged in