Гол ручек
Автор:
Вилијам Бароуз
Издавач:
Магор |
Јазик:
Македонски |
Година:
2014
Оригинален наслов:
Naked lunch |
Бр. на страни:
216 |
Димензии:
20
|
Корица:
мека
Веднаш по објавувањето Гол ручек стана еден од најзначајните романи на XX век, книга што ја редефинира не само литературата, туку и целата американска култура. Се смета за еден од најшокантните романи напишани на англиски јазик. Дрогата, хомосексуалноста, сексот, талкањето, алиенацијата и смртта се постојани теми во делата на Бароуз, но тие маестрално се обработени токму во Гол ручек. Романот нуди моќно патување во најмрачните длабочини на човековата психа. Гол ручек е вознемирувачка приказна за слегувањето во пеколниот свет на еден зависник од дрога… „Ремек-дело. Крик од пеколот, сурова, застрашувачка и дивјачки забавна книга која осцилира меѓу неконтролирана халуцинација и безмилосна, прецизна сатира.“ Њузвик „Ѓаволска алегорија за модерното отуѓување…“ Вил Селф
Questions and Answers
You are not logged in