Големата вода

Original title: Големата вода | Num. of pages: 175 | Dimensions: 125х195 | Cover: мека

„Ѕидот беше околунаоколу домот, како смок притаен. Огромен. Ќе те гушне ли, ќе те завитка со опашката и тогаш ти нема спас.“

Големата вода на Живко Чинго говори за настани „од еден дом за сирачиња кој се отвора во првата слободна пролет, 1946 година“. Наративната линија е препуштена на главниот лик, Лем Никодиновски, кој ја доживеал трагичната судбина на многуте деца без родители од повоениот период. Војната ги оттргнала од прегратките на нивните родители, а повоениот период ги препуштил на грижата и негрижата на строгите и сурови воспитувачи од сиропиталиштата. Иако романот раскажува за мачниот животот на воените сирачиња во домот за сираци „Светлост“ веднаш по завршувањето на Втората светска војна, намерата на авторот е значително подлабока: да даде остра критика на погрешното сфаќање за начинот на градењето на личноста во домовите, а со тоа и во општеството во целина, на погрешниот воспитно-образовен процес кој каска далеку зад идеалот на градење почовечки, вистински и длабоки односи меѓу луѓето.

Роман за вечната борба на човекот со мрачните сили кои се обидуваат да го расчовечат, за борбата на доброто со злото, на светлината со мракот, на големата вода на слободата со ѕидот на угнетувањето.

Price: 250 ден

Out of stock

Notify me when the product will be in stock

Compare
Sold By Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Големата вода

Category:
SKU: 978-608-230-301-7

Издавачки центар ТРИ

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Големата вода”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in