Големите исчекувања

Издавач: Магор | Јазик: Македонски | Година: 2014
Оригинален наслов: Great expectations | Бр. на страни: 528 | Димензии: 20 | Корица: /

Чарлс Дикенс (1812 – 1870) се смета за најуспешен и најпознат англиски романописец. Пишува живо, интересно и духовито, во своите дела комбинирајќи го реализмот со бајковидните елементи, фактите и конкретните детали со фантазијата, фарсичноста и мелодрамата, секојдневното со необичното и чудното.

Големите исчекувања (1861) се смета за еден од најдобрите романи на Дикенс. Романот е извонредно згуснат и суптилен во својата драматична психологија, ликовите се оригинални, необични, неповторливи, а приказната е интересна, со заплет што е полн со изненадувања и го задржува вниманието на читателот сѐ до крајот.

Критиката го третира романот како bildungsroman, односно роман за психолошкото и моралното созревање на протагонистот, следејќи го развитокот на неговиот карактер од детството до зрелите години.

Романот ги истражува големите егзистенцијални теми: љубовта и одбивањето, богатството и сиромаштијата, борбата меѓу доброто и злото и конечната победа на доброто. Ремек-дело на литературата од XIX век, Големите исчекувања досега бил предлошка за голем број филмски адаптации.

Цена: 500 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Магор

Report an abuse for product Големите исчекувања

Категорија:
ИСБН: 978-608-223-418-2

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Големите исчекувања”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in