Градот што се викаше Солис

Издавач: Матица Mакедонска | Јазик: Македонски | Година: 2022
Оригинален наслов: A town called Solacy | Бр. на страни: 298 | Димензии: 21 | Корица: мека

Шеснаесетгодишната Роуз исчезна. Гневна и бунтовна, по жестока кавга со мајка и, таа излета од дома и едноставно исчезна. Зад себе ја остави осумгодишната Клара, помалата обожавана сестра. Изолирана од родителите, во обид да ја заштитат од вистината, Клара е вознемирена и збунета. И нејзината единствена утеха е Мојсеј, мачорот на сосетката, за кого се грижи наместо старата сопственичка - годпоѓата Орчард -  која пред неколку седмици замила во болница и се уште не се вратила. И тогаш, во малиот град на северот, пристигнува Лијам Кејн -  штотуку разведен, а од неодамна и невработен маж од средните триесетти години - кој се вселува во куќата на госпоѓа Орчард каде што, според мислењето на Клара, воопшто не припаѓа. И по неколку часа на прагот му пристигнува полицијата. Се чини дека е осомничен за злосторството. Сепак, кон крајот на животот и Елизабет Орчард размислува за едно злосторство - извршено пред триесетина години - што имало трагични последици за две семејства, а особено за едно мало дете. И очајно сака да ги поправи нештата пред да умре. Раскажан преку три различни уверливи гледишта, романот се движи напред и назад меѓу овие восхитувачки и незаборавени ликови, откривајќи ги слоевите тага, каење и љубов што ги поврзуваат. „Градот што се викаше Солис“ е маестрален, напнат и мрачно смешен, но истовремено и длабоко човечен роман.

Цена: 490 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач Матица

Report an abuse for product Градот што се викаше Солис

Категории: , ,
ИСБН: 978-608-10-0949-1

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Градот што се викаше Солис”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in