Холандската куќа

Publisher: Арс ЛИБРИС | Language: Македонски | Year: 2021
Original title: The Dutch House | Num. of pages: 320 | Dimensions: 21 см | Cover: мека

На крајот од Втората светска војна, Сирил Конрој го послужува среќата кога со една мудра инвестиција ќе создаде огромна империја со недвижнини, воздигнувајќи го семејството од сиромаштија до екстремно богатство. Неговиот прв деловен потег е купувањето на Холандската куќа, раскошен имот во предградијата надвор од Филаделфија. Предвидена како изненадување за неговата сопруга, куќата станува причина да ги изгуби сите што ги сакал. Приказната е раскажана од синот на Сирил, Дени, додека тој и неговата сестра Мев се избркани од куќата во која пораснале со нивната маќеа. Тие, од богатство, повторно се фрлени во сиромаштијата од која излегле нивните родители и откриваат дека можат да сметаат само еден на друг. Градат цврста врска што ги спасува нивните животи и ги исцртува нивните иднини. Раскажана во временски период од пет децении, „Холандската куќа“ е мрачна бајка за двајца паметни луѓе кои не можат да го надминат минатото. И покрај секој проблесок на успех, тие, со доза на хумор и гнев, се враќаат на добро чуваната приказна за она што го изгубиле. Кога најпосле се присилени да се соочат со луѓето кои ги оставиле, врската помеѓу попустливиот брат и неговата заштитнички настроена сестра е конечно тестирана.

Price: 450 ден

20 in stock

Compare
Sold By Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Холандската куќа

Category:
SKU: 978-608-267-184-0

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Холандската куќа”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in