Хотел Загорје

Издавач: Магор | Јазик: Македонски | Година: 2012
Оригинален наслов: Hotel Zagorje | Бр. на страни: 144 | Димензии: 135 х 200 | Корица: /

Пишувајќи за луѓето без да премолчува, за доброто и за злото без да ги именува, авторката на Хотел Загорје создава исклучително драматична приказна која нуди галерија ликови и реално ја исцртува Хрватска во деведесеттите години на дваесеттиот век. Во летото 1991-та година едно деветгодишно девојче заминува од Вуковар, оставајќи ги родителите во градот во кој започнува војна. Хотел Загорје е приказна за нејзиното растење во текот на седумте години прогонство. Притоа, не станува збор за мрачна приказна. Напротив, хероината на Ивана Симиќ Бодрожиќ има исклучителна смисла за хумор. Таа пораснува на сосема нетипичен начин: пишувањето писма до политичари и посетувањата на министерствата се преплетуваат со детските нежности и суровости, со првите излегувања, вљубувања... како и со судбините на оние семејства со кои се вкрстува судбината на нејзиното прогонето семејство. Главната хероина се менува и расте, како и целото општество околу неа и иако тоа растење е болно, во него има и смеа и разиграност и – љубов.

Цена: 190 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач Магор

Report an abuse for product Хотел Загорје

Категорија:
ИСБН: 978-608-223-078-8

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Хотел Загорје”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in