Хурем

Издавач: БАТА ПРЕСС | Јазик: Македонски | Година: 2022
Оригинален наслов: Хурем - московската наложница | Бр. на страни: 712 | Димензии: 140x205 | Корица: мека

Почеток на 16. век. Во Истанбул, како подарок во харемот на султанот Сулејман Величествениот го носат прекрасното девојче Александра Анастасија Лисовска. Таа во историјата ќе биде запаметена како најмоќната жена во Османлиската Империја – Хурем-султан. Всушност таа со својата нежност и убавина успеала да го освои срцето на султанот и да стане негова единствена венчана сопруга и да има силно влијание во Империјата. Познато е дека била ќерка на православен свештеник, со украинско или руско потекло. Била грабната и за Величествениот, како подарок била испратена од тогашниот кримски хан. Била многу убава, итра и интелигентна, но и безмилосна владетелка. Имала исклучителен талент за музика, танц. Имала харизма. Но, на патот до престолот, има многу љубов, но и крв, интриги, лаги, братоубиства, таткоубиства, чедоубиства и немилосрдност. Без разлика на различните гледања за нејзиниот лик во историјата, Хурем е токму таква, но и уште подетално и посуптилно е опишана во романот „Хурем – московската наложница“ од познатата турска авторка Демет Алтинјелеклиоглу. Македонската публика Хурем ја запозна и преку популарната турска телевизиска серија „Величествениот“ што се прикажуваше неодамна. Прекрасната Хурем е во постојана борба: со нејзините грабнувачи, суровите евнуси – главатари на харемот, Махидевран – миленичката на султанот која му родила син престолонаследник. Се бори со моќниот Ибрахим-паша… Хурем се бори единствено да ги заштити своите синови и единствената ќерка, но и да им го отвори патот до престолот…

Цена: 600 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач БАТА ПРЕСС

Report an abuse for product Хурем

Категории: , ,
ИСБН: 978-608-253-192-2

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Хурем”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in