И коњите ги убиваат, зарем не?

Publisher: ИКОНА | Language: Македонски | Year: 2013
Original title: They shoot horses don't they? | Num. of pages: 144 | Dimensions: 129 x 198 mm | Cover: тврда

Објавувањето на романот-првенец на Хорас МекКој И коњите ги убиваат зарем не? во 1935 година, беше проследено со пофалби од американската критика. Романот наиде на широк прием и во Франција, во круговите на уметничката и книжевната авангарда, особено меѓу егзистенцијалистите - Сартр и Симон де Бовоар го величале како пробој на егзистенцијалистичкиот роман од Америка, а авторот го сместувале рамо до рамо со Хемингвеј и со Фокнер. Во И коњите ги убиваат зарем не? авторот на вознемирувачки ладен, но брутален начин опишува еден маратон во танцување, којшто станува метафора за дејствувањето на капиталистичкиот систем во економска криза. Иако слични нехумани маратони денес веќе не постојат, во времето на економската криза во Америка биле многу популарни - можеле да траат со недели, а натпреварувачите биле принудени избезумено да танцуваат стотици часови, исцрпувајќи се до крајни граници, за да освојат награда и така барем привремено да побегнат од безнадежноста и безизлезот. Маратони во танцување веќе нема, но во духот на времето, најверојатно добивме помодни варијанти во облик на елиминациски „ријалити“ ТВ програми, каде што публиката, како некогаш на маратоните, се забавува гледајќи ја туѓата беда и надеж.

Price: 399 ден

5 in stock

Compare
Sold By ИКОНА

Report an abuse for product И коњите ги убиваат, зарем не?

Category:
SKU: 9786082210810

Questions and Answers

You are not logged in