И љубовта
Автор:
Драго Јанчар
Издавач:
Арс ЛИБРИС |
Јазик:
Македонски |
Година:
2021
Оригинален наслов:
In ljubezen tudi |
Бр. на страни:
296 |
Димензии:
135/200
|
Корица:
тврда
По окупацијата на Југославија од страна на германските сили во 1941 година, словенечкиот град Марибор, град со многубројно германско малцинство низ историјата во кој се зборува и на германски јазик, е анектиран кон Третиот Рајх. Во градот преименуван како Марбург на Драва, довчерашните соседи и пријатели стануваат крвници, а низ околните ридови се организира движење на отпорот.
Трите носечки лика во романот, Валентин, партизан и борец на отпорот, неговата девојка Соња и СС-офицерот Лудвиг, некогаш познат и како Лудек, се обидуваат – секој на свој начин – да ја одбранат нивната љубов од бесмислата на злото и пропаста на човековото достоинство. Војната ја нарушува нивната перцепција за себеси и за светот и неповратно ги уништува нивните животи.
„И љубовта“, наслов зајмен од песна на Лорд Бајрон, е восхитувачка приказна за волјата и за издржливоста на човековиот дух наспроти историските совпаѓања и трагедијата. Преку раскошен стил испреплетен со извонредни лирски интермеца, Драго Јанчар отвора комплексни прашања и изложува суштински дилеми со кои се соочува модерниот човек.
Драго Јанчар (1948 г.) е еден од најпознатите современи словенечки писатели, гласен политички критичар и граѓански активист. Неговите дела добиваат престижни награди, како: наградата „Прешерн“, наградата „Кресник“ – за најдобар роман на годината, наградата „Хердер“, Европската награда за литература. Од 1995 година е член на Словенечката академија на науките и уметностите. Познати дела му се: „Ѕвонење во главата“, „Таа ноќ ја видов“, драмите „Дедал“ и „Северна светлина“ и др.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.