Историја на моите несреќи
/...Конфликтите со неговите учители, одважноста да се спротивстави на авторитетите и подготвеноста да се соочи со последиците од овие свои постапки се маркерите и во нарацијата на писмото и во животната драма на „главниот јунак“ на ова неповторливо дело на Пјер Абелар. Но, „Историја на моите несреќи“ не е само приказна за маките и неволите на еден човек туку таа и фактички претставува и свесно е замислена како драма на филозофското суштествување. Нејзиниот јунак е страдателен праведник, но пред сè е филозоф.
Да сакал да остане теолог и филозоф во границите на тогашните сфаќања, веројатно би бил величен и славен, а во црковната хиерархија би станал многу влијателен. Но, со своето интелектуално ниво и капацитет, можел да ја согледа суштината на своето совремие, деформираноста на Црквата и наобразованоста на многумина кои се претставувале како врвни авторитети и извршители на апсолутната вистина.
Многу од идеите на мислителот се тривијални од гледна точка на достигнувањата на средновековната наука, а други имаат само историска вредност и не претставуваат некој посебен интерес за современиот читател, но историјата на Абеларовите несреќи, драмата на неговиот живот и мисла се разбира дека се исклучително поучни и покажуваат дека човековиот дух не може да биде окован и секогаш може да најде сили да ја зачува својата слобода. Абелар го одбранил правото на човечка индивидуалност, спротивставувајќи се на интересите на Црквата и на клерот, покажал дека критичкото мислење може да биде присутно дури и во таквото општество, а со тоа и историски влијателно.
Пјер Абелар извршил огромно влијание врз своите современици и врз правците на развој на средновековната мисла.
Reviews
There are no reviews yet.