ЈАС НЕ СУМ ТАКВА
Контроверзната и сестраната добитничка на Златен глобус, авторката, актерка и режисерка на хит-серијата Девојки (Girls), Лина Данам ја сметаат за вистинско „креативно чудо“.
На прагот на триесеттата, отворено, духовито и со неверојатна зрелост пишува за сè што досега го обележало нејзиниот пат – за болните врски, за критиките и преиспитувањата, за несовршеното тело, за психичките падови, за вистинските пријателства и моќта на семејството, за уметничкиот Њујорк и за Холивуд што го губи сјајот. Оваа несекојдневна и совршено поврзана низа приказни за патот до успехот, едновремено е и одличен роман за растењето и за тоа како да научите да си поставите граници, да се поддржите себеси и да се изборите за сето она што ви е важно.
Јас не сум таква е забавна, паметна и исполнета со оној вид на комични украси кои се одлика на раните дела на Вуди Ален... Данам е несекојдневен талент, а нејзината визија е фасцинирачки оригинална. NYT Magazine
Оценки
Сѐ уште нема оценки.