Јулија
Author:
Ен Фортие
Publisher:
Матица Mакедонска |
Language:
Македонски |
Year:
2010
Original title:
Juliet |
Num. of pages:
648 |
Dimensions:
20 cm
|
Cover:
мека
Ова е основата врз која Ен Фортие ја гради својата приказна во романот. Во неа го следиме животот на две жени со името Јулија.
Едната живее во четиринаесетиот век во Сиена, додека другата го живее животот во Америка како Јулија Јакобс.
По смртта на тетка и, Роуз, Јулија сѐ повеќе и повеќе е изненадена, затоа што тетка и, жената која и била како мајка, го остава целиот свој имот на сестрата близначка на Јулија. Единственото нешто што таа го добива е еден клуч, кој го носела нејзината мајка на денот кога таа починала. Клучот е од сеф во Сиена, Италија!
Тој клуч ја носи Јулија во Италија, патување кое засекогаш ќе и го промени животот, патување во проблематичното минато на Јулија Толомеи, патување во 1340тата година. Проблемот е забранетата љубов на Јулија и Ромео!
Но минатото си има свој удел во иднината, поточно во времето во кое е Јулија Јакобс и таа, против својата волја, открива дека во тој град, Сиена, минатото и сегашноста е тешко да се одвојат еден од друг. Колку подлабоко навлегува во историјата на Ромео и Јулија, и колку и да се приближува до богатството кое тие го оставиле, толку поголема опасност ја опкружува.
Таа открива дека нејзиниот живот е неповратно поврзан со најпознатата приказна во книжевноста - за несреќната љубов помеѓу Ромео и Јулија!!!
Ова е роман кој секако ќе ве воодушеви со своите интриги, љубовта, наследството од кое не може да се побегне...
Дали навистина, и покрај сѐ, ова е роман кој ќе ви ги разреши сите мистерии околу несреќната љубов на Ромео и Јулија, која Шекспир толку неверојатно ја преточил во неговото ремек дело?!....
2 reviews for Јулија
Questions and Answers
You are not logged in
Kristina Batkovska (verified owner) –
Adrijana Ivanovska (verified owner) –